На социјалните мрежи  се појавија снимки  на кои се гледаат повеќе тела на улиците на градот Буча во близина на Киев. Градот во кој се водеа тешки борби беше ослободен од украинските сили. Според АФП телата на најмалку 20 мажи во цивилна облека биле расфрлани низ улицата, а на едно од телата му биле врзани рацете се пронајдени на една улица во Буча.

Советникот на украинскиот министер за надворешни работи, Антон Герашченко,  објави видео од градор Буча, целосно уништен и речиси срамнет со земја.

„Буча пред месец дена беше прекрасно, модерно предградие на Киев. Буча денес – бомбардирани и изгорени амбари, куќи ограбени до последната лажица. Домови срамнети со земја, убиени млади семејства, исчезнати мажи, силувани жени“, стои во твитот на Герашченко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.