Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја коментираше веста дека Американецот Вили Џозеф Кансел бил убиен во Украина додека се борел рамо до рамо со украинските сили против руските војници.

Многу е тажно. Тој остави мало бебе зад себе, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки претходно изрази сочувство до семејството Кансел, додавајќи дека американската влада официјално не ја потврдила смртта на Вили Џозеф и ги предупреди Американците да не патуваат во Украина „поради која било причина“.

Кансел бил убиен во понеделникот додека се борел заедно со украинските војници, потврдиле членовите на неговото семејство за Си-Ен-Ен. Поранешниот маринец (22) работел во приватна воена компанија, која го испратила во Украина. Неговата мајка Ребека Кабрера потврдила за Си-Ен-Ен дека бил платен за да учествува во борбите.

Кога избувнала војната во Украина, компанијата барала доброволци подготвени да се борат во Украина, а Вили се согласи да замине, изјави Кабрера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.