Врховниот водач на талибанците Хибатула Ахунџада денеска објави порака во која тврди дека неговата влада ги презела неопходните чекори за подобрување на животот на жените во Авганистан, каде на жените им се забранети јавен живот и работа, а образованието на девојчињата е строго ограничено.

Во својата порака за Курбан Бајрам, Ахунџада рече дека под власта на Исламскиот Емират, преземени се конкретни мерки за заштита на жените од многу традиционални облици на угнетување, вклучително и принуден брак, „и дека нивните шеријатски права се заштитени“.

Тој во пораката додава дека „преземени се чекори за подобрување на положбата на жените кои сочинуваат половина од општеството со цел да им се овозможи да живеат удобен и просперитетен живот според правилата на исламскиот шеријат“.

Пораката беше дистрибуирана на пет јазици: арапски, дари, англиски, пашту и урду. Ахунџада рече дека негативните аспекти од претходната 20-годишна странска окупација во врска со носењето хиџаб и „погрешните упатства“ на жените наскоро ќе завршат.

И покрај првичните ветувања за поумерено владеење отколку кога последен пат го контролираа Авганистан во 1990-тите, талибанците воведоа остри мерки откако ја презедоа власта во земјата во август 2021 година, откако силите на САД и НАТО се повлекоа.

Тие им забранија пристап на жените на јавни места, како што се паркови и спортски сали, и ги задушија медиумските слободи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.