Авганистанската администрација под контрола на талибанците денеска им нареди на сите локални и странски невладини организации (НВО) да им забранат на жените вработени во нив да доаѓаат на работа.

Министерот за економија Абдулрахман Хабиб по тој повод објави дека на жените вработени во невладиниот сектор им е забрането да работат до понатамошно известување. Споиред него, тоа е бидејќи некои жени не се придржувале до толкувањето на талибанците за исламскиот кодекс на облекување. Не е прецизирано дали тоа важи и за организациите на ОН кои имаат големо присуство во Авганистан.

Одлуката е објавена неколку дена откако раководството на талибанците им нареди на универзитетите да не примаат жени да студираат, што предизвика осуда од странски земји и протести.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.