Американскиот новинар Такер Карлсон, при интервју со Балаш Орбан, политичкиот советник на унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави дека НАТО сака војна со Русија.

Алијансата треба итно да се распушти бидејќи не се обидува да го зајакне суверенитетот на другите земји, туку го спречува спроведувањето на тој суверенитет. Сè што прават го покажува спротивното. Тие сакаат жешка војна со Русија што ќе ги уништи САД, а можеби и Унгарија“, изјави Карлсон за време на разговорот со Орбан.

Американскиот новинар истакна дека постоењето на НАТО е пример за тоа дека западните земји не се обидуваат „да ја зачуваат сопствената цивилизација, туку напротив, преземаат чекори со кои се обидуваат да ја елиминираат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.