Тајван испорачал на Украина противвоздушни системи „Хоук“, но тоа го сторил во тајност, пишува армаскиот магазина „armyrecognition“. Ваквата вест, магазинот ја објавува цитирајќи го поранешниот вработен во компанијата „Рајтеон“ во Тајван, Тони Ху.
Според него, тајванските комплекси со среден дострел „MIM-23 Хоук“ биле доставени до „сојузниците на кои им е потребна“ не директно, туку преку американската програма за испорака на оружје во Украина наречена „Worldwide Warehouse“.
Ху истакнал дека овие системи веќе „работеле ефективно во нивната нова оперативна средина“.
Од своја страна, самиот Тајван се вооружува со системи за противвоздушна одбрана „Тиангонг-3“ и чека испорака на противвоздушните системи НАСАМС од САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.