Во соодветен ден по ваш избор, во 2085 година, ве замолувам да го отворите овој плик и да им ја пренесете на граѓаните на Сиднеј мојата порака, стои на пликот на писмото.

Кралицата Елизабета Втора ја посети Австралија во ноември 1986 година. По тој повод, таа напиша писмо до граѓаните на Сиднеј, а писмото тајно беше чувано во трезор во зградата на кралицата Викторија.

Писмото не смее да се отвори уште 63 години.

Наводно ниту персоналот на кралицата не ја знае неговата содржина. Тоа е адресирано до градоначалникот на Сиднеј, а видлив е само делот кој содржи упатства за отворање и читање на писмото.

Инаку, кралицата Елизабета Втора ја посети Австралија 16 пати, првпат во 1954 година.

Во 1999 година, Австралијците гласаа на референдум за тоа дали сакаат да станат република, но 54 отсто од гласачите одлучија да останат уставна монархија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.