Генералниот инспектор на американскиот Секретар за внатрешна безбедност отвори истрага за начинот на кој Тајната служба го обезбедувала поранешниот претседател Доналд Трамп за време на митингот во Пенсилванија викендот на кој напаѓач се обиде да го убие.
Целта на истрагата, како што се наведува, е „да се разгледа процесот на американската Тајна служба за обезбедување на митингот на поранешниот претседател Трамп на 13 јули 2024 година“, без да се прецизира кога е отворена истрагата.
Претседателот Џо Бајден веќе наложи независна истрага за безбедносните мерки на митингот. Пукањето продуцира низа прашања за тоа како напаѓачот успеа да се качи на покрив од кој јасно го гледал поранешниот претседател кој беше погоден во уво.
Дваесетгодишниот Томас Метју Крукс беше на 135 метри од бината од која говореше Трамп кога отвори оган кон него. Во пресрет на митингот, Трамп доби засилено обезбедување поради закани од Иран.
Агенти на Тајната служба набрзо го обезбедија Трамп со жив штит и го симнаа од бината, а снајперист го ликвидира напаѓачот. Еден учесник на митингот беше убиен додека двајца други се наоѓаат во критична состојба.
Директорката на Тајната служба, Ким Читл порача дека ќе соработува и со конгресниот одбор кој го истражува пукањето. Нагласи дека и службата се обидува да утврди како дојде до нападот и да се осигура дека нема да се повтори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.