Тајкунот, кој одбил билети за него и неговиот син на подморницата Титан, објавил кореспонденција со шефот на компанијата „OceanGate“, кој во последен момент се обидел да му продаде билети по намалена цена, велејќи му дека „патувањето е побезбедно отколку летање“.
Финансиерот од Лас Вегас Џеј Блум ги одбил евтините седишта на подморницата Титан, за него и неговиот син, бидејќи не верувал во нејзината безбедност. Сепак, шефот на компанијата го убедувал да оди на оваа експедиција, која завршила трагично, велејќи му дека е „побезбедно од преминувањето улица“.
Џеј Блум објави пораки меѓу него и извршниот директор на OceanGate, Стоктон Раш (кој и самиот бил во подморницата и починал), кои покажуваат дека му била понудена „цена во последен момент“ од 150.000 долари по лице, наместо редовната цена од 250.000 долари.
Г-дин Блум изрази жалење за жртвите во подморницата. Во објава на Фејсбук тој напиша:
„Искажав загриженост за безбедноста и Стоктон ми рече: „ако постои очигледно ризик – тоа е многу побезбедно од летање со хеликоптер или дури и нуркање“.
“Беше апсолутно убеден дека е побезбедно од преминувањето улица. Сигурен сум дека навистина веруваше во тоа што го зборува. Но, многу погреши”, заклучил тајкунот кој за среќа избегнал сигурна смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.