Таџикистан е во контакт со Москва во врска со наводната вмешаност на таџикистански државјани во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, изјави денеска портпарол на таџикистанското Министерство за надворешни работи.

Тој рече дека таџикистанските власти се во близок контакт со нивните руски колеги во врска со наводната вмешаност на таџикистански државјани во синоќешниот терористички напад во московската област.

Пратеникот на руската Државна дума, Александар Хинштајн денеска изјави дека при претресот на автомобилите на осомничените за терористичкиот напад, кои беа уапсени во областа Брјанск, пронајдени се пасоши на државјани на Таџикистан, јави руската државна телевизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.