Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека веќе петта недела се зголемува бројот на нови случаи на заразени со коронавирусот во светот и дека бројот на починати останува релативно стабилен.
Во неделниот извештај на СЗО за пандемијата на ковид-19, се наведува дека минатата недела во светот се потврдени 5,7 милиони нови случаи на заразени, што претставува зголемување за шест проценти. Починале 9.800 пациенти, исто колку и претходната недела.
Претходно оваа недела, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека пандемијата останува глобална вонредна состојба.
Според СЗО, најголем пораст на бројот на нови случаи на заразени е забележан во Западниот Пацифик и Блискиот Исток. Бројот на смртни случаи е зголемен во Југоисточна Азија и Блискиот Исток, додека во остатокот од светот или опаѓа или останува стабилен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.