Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека понатамошната ескалација по руската воена операција во Украина може да резултира со хуманитарна катастрофа.
Секоја понатамошна ескалација може да резултира со хуманитарна катастрофа во Европа, вклучувајќи значителен биланс во однос на жртвите, како и дополнителна штета на и онака кревките здравствени системи – се вели во соопштението на регионалната канцеларија на СЗО за Европа.
Од СЗО оценуваат дека ситуацијата е особено загрижувачка во контекст на пандемијата на корона вирусот и тековната епидемија на полио во земјата.
Здравствените работници, болниците и другите установи никогаш не смеат да бидат цел и треба да им се дозволи да продолжат да им служат на здравствените потреби на заедниците. Заштитата на цивилите е обврска според меѓународното хуманитарно право – велат од регионалната канцеларија на СЗО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.