Неделниот број на заразени со Ковид-19 во светот, порасна за првпат, од крајот на јануари, соопшти вчера Светската здравствена организација.

Во втората недела од март, бројот на новозаразени е за осум отсто поголем, отколку во претходната седмица. Oд 7 до 13 март, евидентирани се над 11 милиони нови случаи на Ковид-19 и 43.000 смртни случаи.

Порастот во споредба со претходната недела, посебно се забележува во регионите на Западниот Пацифик – 29 отсто, како и на Африка – 12 проценти.

Во Европа пак, забележан е седмичен пораст од два отсто. Бројот на случаи е намален во источниот Медитеран, Југоисточна Азија, како и во Северна и во Јужна Америка.

Вкупниот број потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус, од почетокот на пандемијата, достигна до 455 милиони. Регистрирани се шест милиони смртни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.