Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, оцени дека ситуацијата во Газа е „длабоко загрижувачка“.

Тој на социјалната мрежа Х напиша дека 14 од вкупно 36 болници во Газа не работат поради недостиг на гориво, како и поради напади и несигурност. Болниците кои успеаја да останат отворени работат со капацитет од 40 отсто, додаде тој.

Шефот на СЗО во изјавата додаде: „Дваесет и три болници добиле наредба за евакуација од градот Газа и северниот дел на Газа, а присилната евакуација под овие околности ќе ги стави животите на стотици пациенти во опасна по живот ситуација“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.