Канцеларијата на Светската здравствена организација за Европа денеска донесе резолуција што може да резултира со затворање на регионалната канцеларија на СЗО во Русија и откажување на состаноците во таа држава.

Резолуцијата е донесена „како одговор на руската инвазија на Украина“.

На посебна седница на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, резолуцијата беше усвоена со 43 гласа „за“, три „против“ и два воздржани, а беше поддржана од Украина и од Европската унија.

Рускиот пратеник Андреј Плутницки се спротивстави на резолуцијата и рече дека е „екстремно разочаран“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.