Светска здравствена организација (СЗО) соопшти дека испратила две пратки со медицински материјали во Бејрут како подготовка за потенцијална ескалација на досегашните спорадични судири на границата помеѓу терористичките групи во Либан и израелските сили.
Две пратки со „доволно хируршки и траума лекови и материјали за потребите на 800 до 1.000 повредени пациенти“ пристигнаа денеска во Бејрут од Дубаи, се наведува во соопштението.
Агенцијата на ОН во соопштението наведува дека „ја забрза испораката на критични медицински материјали во Либан со цел да биде подготвена да одговори на секоја потенцијална здравствена криза“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.