Касап во Хонг Конг загинал при обид да убие свиња, извести локалната полиција, пишува Си-Ен-Ен.

Месарот (61), кој работел во кланицата Шеунг Шуи на северот од градот, пукал во свињата со електричен пиштол.

Животното требало да се онесвести, но наеднаш ги отворило очите, станало и го соборило месарот, кој на крајот добил смртоносна повреда.

Доживеа фатална повреда

Свиња го соборила на под во кланицата, а тој се повредил со нож за месо. Се здобил со рана длабока 15 сантиметри.

Колега кој го пронашол месарот во несвест и со нож за месо во раката рекол дека 61-годишникот се здобил со повреда во пределот на ногата. Од здобиените повреди тој починал во болница.

Истрагата е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.