На глобалните берзи денес има избезумена продажба на акции поттикната од заканите за продолжување на западните санкции кон руските енергетски компании, а отсуството на знаци за заладување на руско-украинскиот конфликт врши притисок врз еврото, кое продолжи да паѓа во однос на сигурните валути.
Стравот од можна американско-европска забрана за извоз на руска нафта и потенцијален последователен недостаток на понуда на пазарот, синоќа ја зголемија цената на европската нафта Брент на 130 долари за барел, додека американската нафта WTI скокна на 126 долари.
Ова зголемување на цената ќе делува како зголемување на даноците за потрошувачите, а можното влијание врз глобалниот економски раст предизвика пад на акциите во кошницата на индексот S&P 500 за 1,3 отсто во тргувањето на Волстрит, додека Nasdaq, технолошки берзански индекс, за 1,7 отсто, пренесе Ројтерс.
Приносите на американските 10-годишни обврзници паднаа на најниско ниво од почетокот на јануари.
Паневропскиот фјучерсен индекс EuroStox 50 утрово падна за 3,0 отсто, а лондонскиот FTSE за 2,7 отсто.
На Токиската берза, индексот Nikkei потона за 3,4 отсто на минимум од 15 месеци, додека најширокиот азиско-пацифички берзански индекс MSCI, без Јапонија, загуби 2,4 отсто. Индексот на најликвидни кинески акции ослабе за 2,3 отсто.
Мрачните изгледи за европскиот економски раст и нанесоа удар на единствената валута на еврозоната, која падна за 3,0 отсто минатата недела на најниско ниво од средината на 2020 година. 0,5 отсто во однос на американската валута.
Еврото падна и во однос на швајцарскиот франк, тргувајќи се за прв пат од почетокот на 2015 година по курс еден на еден, што би можело да ја натера швајцарската народна банка да интервенира поради апрецијацијата на домашната валута.
Доларот зајакна, делумно поддржан од силните податоци за вработеноста минатата недела, кои само ги зајакнаа очекувањата на пазарите дека Федералните резерви ќе ги зголемат каматните стапки овој месец. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на кошницата на ривалите, според најновите достапни податоци изнесуваше 99.134 поени и е за 2,3 отсто посилен од минатата недела.
Цената на златото, кое ужива статус на едно од најбезбедните засолништа во време на криза, се зголеми за 1,1 отсто на 1.991 долар за унца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.