Светскиот шампион во кик бокс, Максим Кагал, загинал за време на борбите во Мариупол.

За жал, војната го зема најдоброто од себе. Максим Кагал загина на 25 март додека го бранеше градот Мариупол како дел од специјалната единица Азов – објави неговиот тренер, Олег Скирта,  а пренесува „Дејли Мејл“.

Кагал (30) стана познат во светот на боречките вештини кога како 22-годишник го освои Светското првенство во кик бокс.

Освен по  вештината во рингот, Кагал беше познат и по поддршпката на националистичкиот батајон „Азов“ чии симболи ги носеше и истакнуваше на себе при секоја борба.

По почнувањето на војната во Украина, Кагал се придружи на баталјонот за да се бори против руските сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.