Побарувачката за ураниум во производството на електрична енергија би требало да се зголеми за 28 отсто до крајот на деценијата и речиси двојно да се зголеми до 2040 година поради зголемувањето на капацитетот на нуклеарните централи како дел од климатските цели, објави Светската нуклеарна асоцијација (WNA).

Интересот за нуклеарната енергија е зајакнат и поради војната во Украина, бидејќи многу земји сакаат алтернатива за снабдување со енергенси од Русија, се додава во извештајот за нуклеарното гориво, кој здружението го објавува на секои две години.

Од почетокот на следната деценија, планираните и потенцијални рудници за ураниум ќе мора да бидат вклучени во производството, покрај зголеменото снабдување од неименувани извори“, се вели во извештајот.

Светското производство на ураниум од 2016 до 2020 година е намалено за една четвртина

Од 2016 до 2020 година, глобалното производство на ураниум падна за една четвртина, на 47.731 тони, само за малку да закрепне минатата година, достигнувајќи 49.355 тони, пресмета WNA.

Откако земјотресот и цунамито ја уништија јапонската нуклеарна централа Фукушима во 2011 година, во најголемата нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил, земјите низ светот затворија десетици реактори.

На крајот на јуни глобалните нуклеарни капацитети изнесуваа 391 гигават електрична енергија (GWe) и опфатија 437 реактори, а веќе е почната работа на нуклеарните централи кои треба да ги зголемат за 64 гигавати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.