На САД и на другите економии во светот ќе им биде тешко да ја избегнат рецесијата, со оглед на зголемената инфлација, зголемувањето на каматните стапки и забавувањето на растот во Кина. Ваквата изјава доаѓа од главниот економист на Светска банка, Кармен Рајнхарт.

„Исклучително е тешко да се ограничи инфлацијата, а во исто време да се обезбедат услови за контролирано, постепено забавување на активноста“, рече Рајнхарт.

Несомнено е дека рецесијата е актуелна тема денес, изјави економистката на СБ, која на 1 јули ќе се врати на Универзитетот Харвард.

„Сите се плашат дека ризиците само сигнализираат за можно слабеење на активноста“, изјави Рајнхарт, нагласувајќи ја серијата шокови и зголемувањето на клучните каматни стапки во САД, кои веќе 15 години се екстремно ниски, па дури и негативни.

Глобалната финансиска криза во 2008 и 2009 година опустоши главно десетина развиени економии, а Кина во тоа време беше главен мотор на растот, се сеќава таа. Денешната криза е многу поширока, а стапката на раст во Кина веќе не е двоцифрена, додава економистката.

Светската банка ја намали својата прогноза за раст на светската економија оваа година за речиси една третина, на 2,9 отсто, предупредувајќи дека руската инвазија на Украина била проследена од пандемијата на Ковид 19. На многу земји им се заканува рецесија, заклучува Светска банка. Доколку се остварат ризиците, светската економија би можела да порасне за само 2,1 отсто оваа година и да забави до 1,5 отсто во 2023 година, што би значело речиси стагнирачки БДП по глава на жител.

Запрашана дали САД или светот би можеле да ја избегнат рецесијата, Рајнхарт децидна:

„Прилично сум скептична. Во 90- тите во време кога претседател на американската централна банка Гриспен стравувавме од 3 проценти , а не за околу 8,5. Навистина не можете да најдете многу периоди во кои значителното заострување на монетарната политика од страна на ФЕД не ѝ нанесе штета на економијата Кабинетот на актуелниот американски претседател Џо Бајден не беше сам во погрешното проценување на ризикот од инфлација““.

Таа смета дека опасноста е потценета и од Федералните резерви на САД и од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Светската банка многу рано предупреди дека инфлацијата е „реален ризик. ФЕД не требаше да се двоуми, требаше порано да интервенира – ова го кажувам долго време – и поагресивно. Колку подолго чекате, толку подрастични мерки треба да воведете“, заклучува таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.