Британскиот премиер Риши Сунак и украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно изјавија колку е важно Украина да може да извезува жито на меѓународните пазари, јавија светските агенции, повикувајќи се на канцеларијата на Сунак, од каде беше дадена изјава по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.
Премиерот рече дека Британија тесно соработува со Турција за обновување на договорот за жито и ќе продолжиме да ја користиме нашата улога како претседател на Советот за безбедност на ОН за да продолжиме да го осудуваме однесувањето на Русија, рече портпаролот на Сунак во соопштението.
Сунак, исто така, му рекол на Зеленски дека е шокиран од уништувањето по рускиот напад во Одеса, се вели во соопштението.
Претседателот Зеленски разговарал и за актуелните потреби на Украина во областа на одбраната, како и за прашањето за безбедносните гаранции, се наведува во објавата на Зеленски на „Твитер“, пренесоа украинските агенции.
Зборував за секојдневните обиди на Русија да го уништи историскиот центар и пристанишната инфраструктура на Одеса. Треба да ја заштитиме Одеса. Украина итно треба да ја зајакне својата противвоздушна одбрана за да го заштити своето историско наследство и да ја продолжи иницијативата за жито од Црното Море. Ја разгледавме нашата понатамошна соработка во областа на одбраната, текот на украинските офанзиви. Ги претставив актуелните одбранбени потреби на Украина, рече Зеленски.
Двајцата го истакнаа и усвојувањето од страна на Г-7 на Заедничката декларација за поддршка на Украина на Самитот на НАТО во Вилнус и последователното пристапување на други земји кон неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.