Францускиот Врховен суд за административна правда – Државниот совет – и наложи на владата да плати милиони евра казни за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, јави ДПА.
Судот пресуди дека владата не направила доволно за да обезбеди добар квалитет на воздухот. Помеѓу јули 2021 и 2022 година, горните граници за емисиите на азот диоксид беа надминати во Париз, Лион и Марсеј.Државата е осудена да исплати 20 милиони евра како казна кон еколошки организации. Државниот совет веќе ја казни Франција со 10 милиони евра во 2021 година кога еколошките организации се пожалија на државата за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, повикувајќи се на европските правила за квалитет на воздухот.
Следната година судот повторно ќе го оценува квалитетот на воздухот во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.