Во судир на повеќе возила во Египет загинаа 32 лица, а 63 се повредени, објавија државните медиуми на земјата. Судирот на повеќе автомобили се случил на автопат во регионот Бехеира, кој се наоѓа на северниот брег на Египет. На местото на настанот пристигнале бројни возила на брза помош кои ги префрлиле повредените во болница.

Истекување масло од еден автомобил го предизвикало судирот, при што некои возила се запалиле, објави државниот весник Ал-Ахрам, повикувајќи се на полициски извори. Изгорени се шест возила, меѓу кои и патнички автобус.

Сообраќајните несреќи со фатални последици се релативно чести во Египет, а несовесното возење и лошите услови на патиштата се наведуваат како главни причини за несреќите. Во последниве години, Египет изгради мрежа од нови патишта за да го подобри севкупниот квалитет на патиштата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.