На Форумот „Изберете ја Франција“ што се одржува во замокот Версај ќе бидат презентирани странски инвестиции, што на земјата ќе и донесат 6,7 милијарди евра и 4.00 постојани вработувања.
Се очекува да бидат презентирани 14 проекти, кои ќе ја потврдат атрактивноста на Франција во областа на новите технологии, придонесувајќи за нејзина
Француско-италијанскиот производител на полупроводници „СТМ Микроелектроникс“ (STMicroelectronics) и американскиот производител на чипови „Глобал фаундис“ (GlobalFoundries) ќе го претстават најголемиот проект – фабрика за полупроводници со инвестиции од приближно четири милијарди евра. Други странски инвеститори се американската курирска компанија „Федекс“ (Fedex), шпанскиот тур-оператор „Амадеус“ (Amadeus), италијанскиот производител на транспортна опрема „Ивеко“ (Iveco), британскиот фармацевтски гигант „ГлаксоСмитКлајн (GlaxoSmithKline – GSK), американска компанија „Колинс аероспејс“ (Collins Aerospace) и германската компанија „Ворверк“ (Vorwerk) и производителот на кујнски апарати „Термомикс“ (Thermomix).
На Форумот ќе учествуваат и 180 директори на големи странски компании, меѓу кои и на „Кока Кола“ (Coca Cola), на „Дизни“ (Disney), на „Сименс“ (Siemens), „Мерк Алемањ“ (Merck Allemagne), американските банки „Сити“, „Џи Пи Морган“ (ЈП Морган), „Морган Стенли“ (Морган Стенли), кинескиот конгломерат „Фосун“ (Fosun) и австралиската групација за финансиски услуги „Макуајри“ (Macquarie).
Претседателот на Франција, Емануел Макрон ќе се сретне со директорите на фондовите на Обединети Арапски Емирати, на Саудиска Арабија, на Кувајт, на Катар, на Јужна Кореја и на неколку канадски фондови.
Франција е рангирана како најатрактивна земја за странски инвеститори во Европа, со 1.222 проекти во 2021 година, според барометарот „Ернст и Јанг“. Тоа се должи на „продолжувањето на ефектот на Макрон“ односно на либерализацијата на пазарот на трудот и намалувањето на корпоративните даноци во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.