Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека ќе биде уапсен во вторник затоа што и платил на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс 130.000 долари за да ѝ го купи молкот поради наводните сексуални односи со неа. Сторми има 44 години и три брака зад себе.

Говорејќи на својата медиумска платформа Truth Social, поранешниот американски претседател рече дека „ќе биде уапсен во вторник следната недела“ и им нареди на своите поддржувачи „да ја вратат нацијата назад“.

Обвинителите во Њујорк прават безбедносни подготовки за можноста Трамп да биде обвинет во наредните недели и да се појави во судница на Менхетен во истрагата за тајните пари исплатени на Даниелс и други жени кои наводно имале секс со него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.