Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, изјави дека дијалогот со Русија повеќе не функционира и дека мора да и се помогне на Украина со системи за противвоздушна одбрана.

Столтенберг подвлече дека се неопходни контакти со Русија за да се намалат ризиците на инциденти, а во случајот тие да настанат, не треба да им се овозможи да излезат од контрола.

Во име на НАТО можам да кажам дека со години се трудевме да изградиме конструктивни односи со Русија и да водиме дијалог. Русија се оддалечи од тој дијалог. Не постојат никакви можности да се продолжи дијалогот. Едноставно тој дијалог не работи во вакви услов како денешните“, рече Столтенберг на форумот на министрите за надворешни работи на земјите на НАТО во Букурешт.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.