Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Стокхолм и Хелсинки го почитуваат трилатералниот меморандум што го потпишаа со Анкара и дека денес, во се поопасниот свет, „уште поважно е Шведска и Финска да станат членки на НАТО“.
Тој повика на поголема поддршка за Украина и предупреди дека потценувањето на Русија може да доведе до „големи последици за безбедноста во нордискиот регион“, објавено е на веб-страницата на НАТО.
Столтенберг изрази уверување дека „наскоро ќе може да им приреди топло добредојде на Шведска и Финска“ во Алијансата.
На маргините на безбедносната конференција што се одржува во Шведска, Столтенберг се сретна со шведскиот премиер Улф Кристерсон, шведските министри за надворешни работи и одбрана, како и со лидерката на опозицијата Магдалена Андерсон.
Столтенберг потсети дека досега 28 од 30-те земји на НАТО алијансата го ратификувале влезот на Шведска и Финска во НАТО, а тоа се уште не го сториле само Унгарија и Турција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.