Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од романскиот црноморски град Констанца порача дека присуството на американските сили во Романија ја покажува посветеноста на САД за безбедноста на Европа.

Столтенберг е во посета на воената база Михаил Когалничану, каде што веќе пристигна првиот конвој од САД, кој ќе биде стациониран таму за да го зајакне источното крило на Северноатлантската алијанса. Наскоро се очекува да пристигнат уште два конвои.

Генералниот секретар на Алијансата ја повтори загриженоста поради евентуална руска инвазија врз Украина, додавајќи оти НАТО треба да размисли за долгорочно присуство во Југоисточна Европа.

Продолжуваме да го зајакнуваме нашето источно крило – посочи Столтенберг, нагласувајќи дека акциите на НАТО се одбранбени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.