НАТО не верува во најавите на Русија дека ќе ги намали воените операции околу Киев и има информации дека не станува збор за повлекување, туку за прегрупирање, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Русите и претходно и повторно не лажат и ние не веруваме во зборови, туку само во дела – рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел.

Тој посочи дека НАТО има разузнавачки информации дека руските војници не се повлекуваат, туку се прегрупираат, ги надополнуваат залихите и ја зајакнуваат офанзивата во регионот на Донбас.

Истовремено, Русија го продолжува притисокот врз Киев и другите градови и очекуваме нови напади, кои ќе донесат уште повеќе страдања, рече генералниот секретар на НАТО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.