Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им се обрати на медиумите по падот на ракета во Полска и смртта на две лица.
Ракетата паднала врз селото Пржеводов, во југоисточна Полска, недалеку од Украина, кое во вторникот претрпе тешки ракетни напади врз инфраструктурата.
– Истрагата е во тек и треба да се почека нејзиниот заклучок, но немаме индикации дека ова е резултат на напад. Нема индикации дека Русија планира воени дејствија против НАТО – рече тој.
– Да бидам јасен, ова не е вина на Украина. Русија ја сноси крајната одговорност бидејќи ја продолжува својата нелегална војна против Украина – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.