НАТО сојузниците поддржуваат хуманитарни паузи во војната меѓу Израел и Хамас за да се овозможи помошта да стигне до Газа, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Мора да се почитува меѓународното право и цивилите мора да бидат заштитени во конфликтот, изјави тој пред новинарите во Берлин, обраќајќи им се на медиумите пред средбата со германскиот канцелар Олаф Солц.

„Војната во Газа не смее да се претвори во голем регионален конфликт. Иран и Хезболах мора да останат надвор од оваа борба“, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.