НАТО сака „сериозен разговор за контрола на оружјето“ со Русија, но нема да прави компромиси за основните принципи, изјави на прес-конференција генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесе ДПА.

Столтенберг кажа дека овие принципи го вклучуваат „правото на секоја нација да ги избира своите безбедносни аранжмани“.

Највисокиот функционер на Алијансата ја повика Русија да ја деескалира кризата со Украина. Тој ова го изјави откако НАТО денеска на Москва и го даде писмениот одговор на нејзините безбедносни предлози за Европа.

Столтенберг додаде дека Алијансата е подготвена да се ангажира во конструктивен дијалог со Москва за да се најде политичко решение за неодамнешните тензии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.