Додека чекаат можна руска инвазија на Украина, жителите на Киев мирно продолжуваат со секојдневниот живот, пишува „Гардиан“.

Во главниот град на Украина има малку знаци на паника, иако жителите се под притисок и од веста за акумулација на оружје од двете страни на границата. Амбасадата на САД, а потоа и на Обединетото Кралство, викендов објавија дека ќе ги евакуираат вработените во своите амбасади во Киев поради закана од руски напад.

Расположението  во Киев е мирно,  отворени се продавниците и кафулињата, долги редици пред кината за прикажување на филмот „Стоп-Земја“, наградуван украински филм за животите на Киевските тинејџери.

Меѓутоа некои ги полнат резервоарите на автомобилот со бензин и прават залихи со храна или дури планираат да ја напуштат земјата.

– Мислам дека ништо нема да се случи, вели Саса, фризер од Харков.

-Нема шанси Русите да ми го земат градот, би се степале, истакнува таа. Марија Глазунова, шеф за комуникации во Украинскиот национален филмски архив, вели дека луѓето кои ги следат вестите не се смирени, туку дека животот продолжува.

– Размислуваме за војна, но мора да работиме, ни треба и забава, вели таа. Директорот на филмската архива побара одговор од Министерството за култура што да прави со архивата во случај на руско бомбардирање. Се уште нема одговор, вели портпаролката Глазунова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.