Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Франфуртер алгемајне цајтунг изјави дека Алијансата можела да направи многу повеќе за да ја вооружи Украина и да ја спречи руската инвазија во 2022 година.
На прашањето кој му бил најтежок ден во неговиот десетгодишен мандат како шеф на НАТО, Столтенберг одговори дека тоа бил 24 февруари 2022 година, денот кога Русија ја нападна Украина. Тој нагласи дека конфликтот на Москва со Киев не започнал во 2022 година, туку во 2014 година со анексијата на Крим.
Ако Украина беше воено посилна, Русија можеби би била попретпазлива пред нападот, иако не можеме со сигурност да кажеме дали тоа ќе било доволно. Во 2015 година, при мојата прва посета на Украина, ја посетив обуката на војници од страна на САД, Канада и Британија, но НАТО не беше вклучен. Нашата обука и опрема беа ограничени. Можевме да направиме многу повеќе, изјави Столтенберг.
Како најзначаен ден во неговата кариера го нагласи пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО.
Според него, НАТО не бил подготвен да обезбеди оружје што Киев го побарал пред руската инвазија поради стравот дека тензиите со Русија ќе ескалираат.
Денес и даваме оружје на Украина за време на војна, но тогаш можевме да ја вооружиме за да спречиме војна, истакна Столтенберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.