Бугарија ќе и обезбеди на Украина лесно оружје и муниција. Тоа денска го изјави бугарскиот технички министер за економија и индустрија Никола Стојанов.

Според него, обезбедувањето воена помош ќе се заснова на одлука донесена од Парламентот.

Министерот за одбрана достави список со можностите на бугарската армија. Оваа листа ќе биде објавена многу брзо. Согласно можностите на бугарската армија, ќе и пружиме помош на Украина, како што одлучија пратениците – изјави Стојанов.

Тој посочи дека помошта што Бугарија ќе и ја даде на Украина на никаков начин нема да влијае на борбената способност на бугарската армија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.