Дерек Шоле, висок претставник на американскиот Стејт департмент, појасни што мислел американскиот претседател Џо Бајден кога рекол дека Русија ќе претрпи „брзи и тешки последици“ во случај на инвазија на Украина.
Шоле, во гостување на „Би-Би-Си“ изјави дека американскиот одговор ќе оди во две главни насоки.
Првата е воведувањето значајни санкции кои ќе ја осакатуваат руската економија. Второто е зајакнување на силите на НАТО на источните граници на тој воен сојуз и дипломатска изолација, што би значело воено-стратешки чекор назад за Русија – изјави Шоле.
Зборувајќи за природата на можната руска инвазија на Украина, Шоле изјави дека „без разлика на начинот на кој тоа би можело да се случи (воздушни напади, упад на копнените сили…), последиците за Украина ќе бидат многу опасни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.