Станици на метрото станаа импровизирани засолништа во главниот град на Украина, Киев. Очевидци за Си-Ен-Ен тврдат дека станиците се полни со луѓе, организирани во групи, кои носат со себе залихи.
Додека ги слушаме звуците од воздушниот напад, можете да замислите колку испаничени се луѓето во градот, станувајќи од своите кревети потресени од експлозиите, што ги има насекаде околу нас, изјави за Си-Ен-Ен, Метју Ченс во Киев.
Се додава дека „целиот сообраќај се движи во една насока… луѓето возат најбрзо што можат, со цел да стигнат на запад кон побезбедните подрачја“, можеби „кон Полска, оддалечена оттаму околу три до пет часа со автомобил“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.