Дали НАТО пактот и е потребен на Финска? Што ќе значи тоа во односите со Русија? Дали северноатлантската алијанса ќе може да ја заштити Финска – се само низа од прашањата според магистерот за меѓународни односи на славниот Московски институт за меѓународни односи (МГИМО), и воениот коментатор Бошко Јовановиќ, кој анализирал за српски „Kурир“ што ќе значи влегувањето на Финска во НАТО и како на тоа ќе реагира Москва.

Основачот на Финска и поранешен аѓутант на Николај Втори, Карл Густав Манерхајм, кој е всушност Швеѓанец, но кој до крајот на својот живот му останал верен на царот Николај Втори, и тоа е причината зошто Финска не се приклучила кон силите на Осовината во нападот на Советскиот сојуз. Манерхајм како врховен командат не ја разгледувал можноста финските трупи да тргнат кон Ленинград. Прво поради тоа што правилно оценил дека СССР ќе победи и дека тоа би било грозно за Финска, а од друга страна имал и добар однос со Петровград како седиште на царска Русија. Проблемот на Финска и тогаш и сега е дека нема компетентна влада. Тогаш владата била профашистичка. За илустрација, тогаш финското воено воздухопловство имало кукасти крстови на своите крила. Идејата на Манерхајм била да се гради линија покрај Карелија. Русите тоа го доживеале како директна закана на Ленинград и би биле во уште потешка ситуација во 1941-ва година, а можеби Ленинград и би паднал ако Сталин не ја започнал порано Зимската војна (1939-1940). Проблемот кај Русите е тоа што таа војна не им позната поради големиот број на жртви, но ниедна војна не се оценува според жртвите туку според остварените цели, а суштината е во тоа што финската влада и тогаш сега не била способно долгорочно да го оцени развојот на ситуациите во светот, започнува Јовановиќ.

Во разговорот додава дека во меѓународните односи постои еден термин кој се вика „Финландизација“, а тој означува дека земјата едноставно може да прави што сака, само да ја приспособи надворешната политика кон својот најголем сосед.

Јас не сфаќам зошто на Финска ѝ е потребно НАТО? Единствен што може да ја нападне е Русија! Но Русија нема потреба да го прави тоа додека Финска е надвор од НАТО. Ако некој мисли дека НАТО може некого да заштити, нека се сети на искуствата од Ирак, Авганистан или нека размисли ако Трамп е повторно претседател. Бидејќи иднината на НАТО воопшто не е сигурна, вели тој.

Според него, влегувањето во НАТО за Финска може да биде погубно.

Има премногу голема граница со Русија. Ќе мора да потрошат големи ресурси на противвоздушна одбрана, бидејќи дури и системите „BUK M1“ и „M2“ за Искандер, Оникс, Калибар и останатите руски ракети од нов тип се сосема недоволни. Финска треба да почне повторно да ги утврдува своите граници. Да гради утврдени реони на пример на самата руска граница, а и околу Утсојки, Савукоски, Кусамоа, бидејќи е малку веројатно дека Русите би нападнале преку Карелија од насока на Вирборг. Попрво би ги развлекле Финците околу северната граница. Тука Финците мора да тргнат со темелна фортификација затоа што може да им помогне со помали трупи да го задржуваат противникот. Секако, задолжително мора да дојде до опструкција на граничниот појас, до поставување на мински полиња, до тоа Финска да мора да има подморници, најверојатно, германски „Tip 214“ затоа што се мали. Ако Русија реши да нападне со своите подморници, во кои може да стави нуклеарни бомби, тогаш тоа е проблем, анализира Јовановиќ.

Според неговите зборови, суштината е во тоа дека тогаш Финците ќе мора да се бранат по длабочина, да учат на украинските грешки. Прва и најважна е да не дојде до војна меѓу нив и Русија, но членството на Финска во НАТО е пат во погрешна насока.

Финците треба да бидат глас на разумот на Западот. Треба да им кажат дека имаат граница од 1.300 километри со Русија. Ако навистина Финците мислат дека НАТО е способен да ги заштити, не сум баш сигурен во големиот морал на НАТО трупите после дебаклот каде и да одат. На Финците најпрво на помош ќе им пријдат балтичките држави, можеби шведски доброволци, Шведска, но не сум баш убеден дека Шведска може да направи било што посериозно со било кој судир, смета експертот.

Јовановиќ изнесува и сценарио на потенцијален судир на Финска во НАТО и Русија, ако дојде до судир.

Русите може да се определат не за војна, туку за палење на финските шуми, што до довело до чист простор и лесен напад, така што Финска мора да има барем околу 1.000 борбени оклопни возила, 800 тенкови, да го зголемат бројот на авиони на 150, бидејќи 62 авиони се малку за било каков судир со Русија. Бројот на хеликоптери мора рапидно да се зголеми. Но, влезот на Финска во НАТО треба да се реши на референдум, а судејќи по искуствата од Првата светска војна не верувам дека тоа е потребно, заклучил Јовановиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.