Средствата на инвеститорите „течат“ од кинеските берзи до акциите на американските компании, покажува индексот „Никеи“.
На 2 февруари, комбинираната цена на американските акции беше 51 трилиони долари, што е за 1,4 трилиони долари повеќе од последниот ден на тргување во 2023 година. Ова е 48,1% од сите средства моментално присутни на светските берзи – највисока бројка од септември 2003 година.
Од почетокот на 2024 година, кинеските берзи, вклучително и Хонг Конг, изгубија 1,7 трилиони долари. Кинеската берза сега сочинува приближно 10% од средствата присутни на берзите на планетата. Ова е речиси половина од она што беше на врвот на оваа бројка во јуни 2015 година. Инвеститорите губат надеж во брзиот раст на кинеската економија и покажуваат зголемен интерес не само за САД, туку и за берзите во Јапонија и Индија.
Од 500 компании со најголема капитализација во светот, 236 сега се во САД.
Нивниот број е зголемен за 15% во однос на состојбата од пред три години. На Кина сега припаѓаат 35 корпорации на оваа листа. Ова е за 60% помалку од пред три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.