Српски државјанин (37) е осуден во Швајцарија на четири ипол години затвор за грабеж на уметнички дела на Пабло Пикасо, кои ги украл во 2020 година. Тој тврди дека ги продал на пазар за 150 евра!

Грабежот се случил кога двајца мажи нападнале старец (80), го врзале, ја опустошиле куќата и украле две оригинални слики од Пабло Пикасо. Украдениот плен бил вреден вкупно 75.000 франци.

Еден од разбојниците е уапсен, а неговото однесување на суд предизвика големи реакции во јавноста.

Сликите беа лажни, па ги продадов за 150 евра на пазар, изјавил разбојникот на суд, пренесува српска „Република“.

За време на судењето тој се расплакал.

Како што изјавил, ги изгубил сите пари играјќи покер и не му останало ништо. Кажал и дека не сакал ништо да му се случи на старецот. Дури се вратил на местото на злосторството, односно ден по грабежот застанал покрај куќата за да види дали старецот успеал да се ослободи.

Судот изрече казна затвор од четири и пол години и тој ќе мора да ја напушти Швајцарија на десет години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.