Две политички анкети спроведени откако претседателот на САД, Џо Бајден ја повлече својата кандидатура, покажуваат дека неговата заменичка Камала Харис, доколку биде избрана за кандидат на Демократската партија, ќе загуби од нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат, Доналд Трамп.
Харис рече дека ја обезбедила поддршката од мнозинството делегати на Демократската национална конвенција за да биде номинирана од Демократската партија.
Сепак, две анкети објавени од Њузвик покажуваат дека Харис можеби „не е доволно силна“ за да го победи Трамп.
Анкетата „On Point Politics/Social Research“ спроведена по најавата на Бајден анкетираше 801 гласач. Од анкетираните, 51 отсто одговориле дека би гласале за Трамп доколку изборите се одржат денеска, додека 43 отсто би гласале за Харис, а шест отсто се неопределени.
Анкетата на Morning Consult исто така покажа дека Трамп води. Според анкетата, за Трамп гласале 47 отсто од испитаниците, а за Харис 45 отсто
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.