Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата.
Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана.
Израел минатата недела го изрази своето противење на резолуцијата, изразувајќи незадоволство од некои од амандманите направени на текстот, објави Тајмс оф Израел.
Палестинската исламистичка група Хамас, нејзиниот сојузник – групата Исламски џихад – и нивниот ривал Палестинската управа на претседателот Махмуд Абас ја поздравија резолуцијата усвоена од СБ на ОН со која се поддржува предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа.
Во соопштението Хамас објави дека е подготвен да соработува со посредниците за спроведување на принципите содржани во планот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.