Советот на Европа, чувар на владеењето на правото на континентот, повика на воспоставување „одржливи хуманитарни коридори“ во Украина и ја повика Москва да стави крај на „невидената репресија“ на слободата на изразување, јави дописникот на МИА.

Апелирам за договор за одржливи хуманитарни коридори, суштински за да се овозможи безбедно поминување на илјадници раселени луѓе кои бегаат од смртта и уништувањето, изјави Марија Пејчиновиќ Буриќ, генерален секретар на Советот на Европа во соопштението за печатот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.