Советник на украинскиот претседател, Алексеј Арестович, изјави дека дека Русија практично ја уништила воената индустрија на Украина.
Големата војна, воената агресија и мировниот договор се секогаш компромиси меѓу страните, затоа што двете страни трпат загуби. Ако мислите дека не трпиме, многу се лажете. Практично ни ја уништија воената индустрија. И тие во голема мера го завршуваат уништувањето на цивилната индустрија – изјави Арестовиќ во видео-обраќање пренесено од „Ројтерс“.
Арестович истакна дека според условите на предложениот мировен договор за кој се разговараше со Русија во вторникот, Украина ќе биде заштитена од идни закани благодарение на меѓународните безбедносни гаранции на кои Русија нема да може да стави вето.
Ова е идеален договор кој на фундаментален начин ги подобрува нашите позиции – вели советникот на украинскиот претседател.
Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема јасни временски рамки за да има средба меѓу претседателите Владимир Путин и Владимир Зеленски.
Прво треба да го финализираме договорот – изјави Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.