Висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски објави порака, два дена по почетокот на руската инвазија.
Не мислам дека по ова што се случува сега, Украина има слаби позиции. Дури и да почне преговарачкиот процес, а тој ќе почне, Украина ќе ги постави условите – изјави Микаило Подолиак, говорејќи на националната телевизија
Портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров, доцна синоќа рече дека Украина „била и останува подготвена да разговара за прекин на огнот и мир“.
Неговите коментари следат по рускиот предлог да се испратат претставници во белорускиот главен град Минск да разговараат со Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.