Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, остро го осуди рускиот воен напад врз Украина. Таа нагласи дека тоа е флагрантно кршење на Статутот на Советот на Европа и Европската конвенција за човекови права и најави брзи мерки на Советот на Европа.
Ова е мрачен час за Европа и за се што таа претставува. Ги повикувам руските власти веднаш и безусловно да ги прекинат непријателствата и да се вратат на дипломатијата со цел да се воспостави мир и да се избегнат понатамошни разорни последици ширум континентот. Заштитата на животите на цивилите мора да биде приоритет, наведе Пејчиновиќ Буриќ.
Генералниот секретар на Советот на Европа вели дека заедно со Комитетот на министри и Парламентарното собрание на Советот на Европа „брзо ќе ги преземе неопходните мерки за да одговори на актуелната ситуација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.