Во Работино, во близина на Орехово во Запорожје, напаѓачки групи на 82-та воздушна бригада на украинските сили се зацврстиле во северниотдел од селото и го продолжуваат нападот, континуирано изведувајќи артилериски напади врз единиците на руските вооружени сили. Како што јавуваат руски извори, ситуацијата таму е тешка.
Во моментов борбите веќе се префрлени во јужната периферија на населбата, која по тримесечни судири ја има судбината на другите села на првата линија на фронто кои речиси целосно се претвори во урнатини.
Во исто време, украински формации продолжуваат да вршат притисок врз руските позиции источно од Работино. Извори на терен коментираат дека, судејќи според обемот на артилериската подготовка, украинските сили наскоро ќе се обидат да упаднат и да се пробијат до Вербовоје за да создадат закана во задниот дел на силите на руските вооружени сили во Новопокровка и Новокарловка.
Во Пјатихатки, тактиката на украинската војска останува иста како и пред два месеци, се обидуваат да влезат со извидувачки групи и да се зацврстат во напуштена населба. Војниците на руските вооружени сили одговараат на таквата активност со артелериски удари врз непријателската жива сила.
Според руските воени Телеграм канали, руски војници со оган од противтенковски ракетни системи успеале да уништат уште две американски пешадиски борбени возила М2А2 ОДС „Бредли“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.