Во рамки на руските сили во Украина е формирана бригадата Одеса-Николаев, составена исклучиво од украински доброволци. Како што информираат руските медиуми кои објавија за формирањето на оваа доброволска воена единица, учество во нејзините редови земале жители на Одеса, Миколаев, Херсон, Харков и Киев, коишто сметаат дека тоа што владата во Киев го прави е погрешно.
При објавувањето за формирањето на бригадата, медиумите споделија видеоснимки и фотографии од маскираните војници, качени на оклопни возила ТИГР и БТР 82.
Видеото наводно е снимено во регионот Херсон, за каде што е најавено покренувањето голема украинска контраофанзива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.