Воениот комитет на НАТО, највисокиот орган на Алијансата, ќе одржи состанок на 18 и 19 јануари во Брисел на кој меѓу другото, ќе се разговара за безбедносната состојба на Косово и за мисијата на КФОР, со фокус на ситуацијата на терен и безбедносното опкружување, се наведува на веб-страницата на НАТО.
На вториот ден од првата сесија оваа година, министрите за одбрана ќе се сретнат со нивните оперативни партнери на Косовските сили (КФОР) – Ерменија, Австрија, Финска, Ирска, Молдавија, Шведска, Швајцарија и Украина.
Разговорите ќе бидат фокусирани на ситуацијата на теренот, безбедносната средина и мисијата на КФОР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.